Македонија со Нено и Шортс ќе брка пласман на Евробаскетот

189

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска попладне, од 18:00 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе ги стартува подготовките за натпреварите кои следуваат во февруарскиот ФИБА „прозорец“ за пласман на Евробаскетот во 2025 година.

Селекторот Александар Јончевски за најважните два дуели ќе ги има на располагање интернационалците Ненад Димитријевиќ и Ти-Џеј Шортс. Како што е познато, на нашата репрезентација и се потребни победи над Естонија и Полска, но и услуга од Литванија.

Првиот од двата дуела, оној на гости кај Естонија во Талин, е заакажан за в петок (21. февруари) додека вториот, три дена подоцна, 24.февруари (понеделник), на домашен терен во Скопје против Полска.

ПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

  1. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
  2. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
  3. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
  4. Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
  5. Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
  6. Стојан Ѓуроски – Работнички
  7. Дамјан Робев – Работнички
  8. Виктор Ефремовски – Работнички
  9. Андреј Шошкиќ – Работнички
  10. Теодор Симиќ – Кожув
  11. Страхил Николов – ТФТ Скопје
  12. Ненад Димитријевиќ – Олимпиа Милано
  13. Лејсон Зеќири – Башкими
  14. Андреј Јакимовски – Колорадо
  15. Итан Хап – Валенсија
  16. Ти Џеј Шортс – Парис Баскетбалл

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе