Пред девет години беше анонимец, а следната сезона ќе заработува 18.000 евра месечно!

1

Една од најдобрите ракометарки во светот, Ане Мете Хансен, летово ќе ја промени клупската средина и од Франција ќе се пресели во Романија. Таму ќе биде дел од поранешниот европски шампион ЧСМ Букурешт, каде што ќе пристигне како замена за легендарната Кристина Неагу, која ја игра последната сезона од кариерата.

Според пишувањата на романскиот портал „ГСП“, данската репрезентативка ќе биде најплатената ракометарка во романската лига, ќе заработува 18.000 евра месечно. Во моментов, најплатената ракометарка во Романија е Кристина Неагу, која прима околу 21.000 евра месечно.

Ане Мете Хансен во 2017 година го оствари својот сон, направи трансфер од Копенхаген во Ѓер. Пред трансферот во европскиот гигант, малкумина можеа да предвидат дека ќе стане една од најдобрите ракометарки на денешницата. Во Ѓер играше до сезоната 2022/23, а во моментов настапува за францускиот Мец.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе