🎥Виларов како НБА ѕвездите: Тројка од кош на кош!

92

Екипата на Борец од Велес ја заврши сезоната во второлигашката конкуренција, откако во четвртфиналето од плеј-оф фазата беше елиминирана од Ангели. Велешани загубија на двата натпревари, на првиот, кој беше одигран во Скопје, беа поразени со 79:78, а пред својата публика доживеаја пораз од 83:64.

И покрај елиминацијата, натпреварот во Велес го одбележа спектакуларен потег на искусниот Петар Виларов, кој погоди тројка преку цел терен, воодушевувајќи ги присутните гледачи.

Овој редок момент во македонската кошарка брзо стана вирален на социјалните мрежи.

 

ПОГЛЕДНЕТЕ…

 

 

 

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT