Машката кошаркарска репрезентација на Македонија пред точно 13 години, на Европското првенство во Литванија, направи голема сензација, откако во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас со минимални 67-65 го совлада домаќинот во четвртфиналниот дуел и избори пласман во полуфиналето.
Херој на Македонија беше Владо Илиевски, кој на десетина секунди пред крајот ја постигна легендарната тројка со која „црвено-жолтите“ се пласираа во полуфиналето и беа најголемо изненадување на Европското првенство. По натпреварот, Илиевски сѐ уште не беше свесен за она што го направи, во неверување го извика легендарното „Леле, леле луѓе, што направивме“…..
Македонија во полуфиналето загуби од Шпанија со 92:80, a во мечот со бронзениот медал немаше многу среќа против Русија, загуби со 72:68, но и покрај поразот, целата македонска нација беше горда на освоеното четврто место.
*Македонија групната фаза на Европското првенство ја заврши само со еден пораз, оној од Црна Гора, додека совладани беа Грција, Хрватска, БиХ и Финска. Избраниците на Докузовски во втората рунда беа подобри од Грузија и Словенија , поразени од Русија, но и покрај поразот од „зборнаја“ , нашите кошаркари се чекираа во полуфиналето.