Ивановски: Пелистер се движи во вистинска насока

219

Кошаркарскиот клуб Пелистер максимално подготвен ги дочекува предизвиците што ги носи новата сезона. Управата на битолскиот клуб овозможи беспрекорни услови за подготовки на екипата предводена од новиот тренер Петровиќ, потврдувајќи ги најавите дека планира долгорочно да го развива овој кошаркарски проект.

Директорот Филип Ивановски на денешната прес-конференција говореше за сработеното, изразувајќи оптимизам дека сезонава Пелистер и спортска Битола ќе се радуваат и на првиот трофеј.

„Со резултатите во изминатиот период покажавме дека Пелистер станува сериозна екипа и веруваме дека таа сериозност ќе продолжи да расте од година во година. Со нашето доаѓање како главен спонзор и нова управа го продолживме развојот, обезбедивме максимални подготовки со кои уште повеќе се крена и формата на екипата, но и атмосферата меѓу самите играчи. Клубот е поставен на здрави темели, што беше наш приоритет од доаѓањето како управа, веруваме дека може дополнително да се развива од секој аспект. Викендов го играме првиот меч од Супер-купот во клупската историја, уште еден доказ дека се движиме во вистинска насока. Чест ни е што во вторник ќе го одиграме првиот домашен меч на меѓународно ниво во Битола, ги повикуваме сите наши навивачи да ни дадат поддршка на овој натпревар со Широки Бријег“, изјави директорот Ивановски.

Пелистерци в сабота против МЗТ Скопје во СРЦ „Кале“ ќе го бркаат првиот трофеј во Супер Купот на Македонија.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе