Костоски: Се надевам дека ќе донесеме барем еден трофеј во кошаркарска Битола

442

Александар Костоски како најискусен ќе ја има улогата на лидер во таборот на Пелистер, па одличниот плејмејкер неслучајно ја доби и улогата на капитен во таборот на зелено-белите.

Тој не го крие задоволството што втора година по ред ќе ги брани боите на Пелистер, јавно фалејќи ги условите за работа во битолскиот клуб, зборови што добиваат на значење ако се знае дека Костоски во богатата кариера настапувал за речиси сите посериозни македонски кошаркарски колективи.

„Втора година сум дел од КК Пелистер, би сакал да кажам дека ми е чест што пред крајот на кариерата ми е чест што сум дел од колектив што личи на кошаркарски клуб, кој ги исполнува стандардите од сите можни аспекти. Како играчи ги имаме сите можни услови за да работиме и да напредуваме, верувам дека е го искористиме тоа. Се надевам дека ќе продолжиме да се развиваме и дека ќе го кренеме резултатот во однос на лани, дека ќе донесеме барем еден трофеј во кошаркарска Битола. Екипата е променета во однос на лани, покомплетна на сите позиции. Можам да ги пофалам сите, навистина се добри момци и лесно се вклопуваме во системот на тренерот. Јасни се амбициите, борба за сите трофеи верувам дека со квалитетот што го поседуваме можеме да стигнеме далеку. Јас со своето искуство се обидувам на помладите да им објаснам што значи спортот, се надевам дека не се лутат, сето тоа е добронамерно и е за доброто на КК Пелистер“, истакна Александар Костоски.

Пелистерци в сабота против МЗТ Скопје во СРЦ „Кале“ ќе го бркаат првиот трофеј во Супер Купот на Македонија.

Ивановски: Пелистер се движи во вистинска насока

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе