Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје со победа ја започна одбраната на титулата, откако во првото коло без многу проблеми дојде до убедлив триумф над повратникот во елитата – Шкупи. Аеродромци триумфираа со 95:55, а тренерот на МЗТ, Васко Атанасов, одлично ја распореди минутажата кај сите кошаркари. Со исклучок на првиот квартел, во кој бранителот на титулата имаше само два поени предност, 20:18, во останатиот дел Шкупи немаше сила да им парира на поискусните. Андреј Андоноски беше најрасположен во победничката екипа со 21 поен, а го следеше Андреј Маслинко со 17. На другата страна, Закор Арчи беше најефикасниот играч, натпреварот го заврши со 18 поени, додека Виктор Златевски имаше 12 поени.
Целиот натпревар може да го погледнете на видеото во продолжение…