Димитријевиќ речиси без грешка, Милано со нова победа

232

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните настапи за Олимпија Милано, клуб во кој што направи трансфер пред стартот на новата натпреварувачка сезона. Тимот на Димитријевиќ во 4. коло од најквалитетното натпреварување на Италија за ривал го имаше незгодниот Скафати и успеа да дојде до трет сезонски триумф, откако победи со 83:78.

Македонецот повторно беше меѓу главните на теренот, натпреварот го заврши со 13 реализации, промаши само еднаш, а зад своето име запиша и пет асистенции, односно 2 скока. Предводник во тимот на Димитријевиќ беше Американецот Брукс со 22 поени.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе