🎥🔴Меч за финале: Охрид – Целје (ВО ЖИВО)
Ракометарите на Охрид вечерва ќе го одиграат реваншот од полуфиналето против Целје во рамките на Европскиот Куп. Охриѓани на првата пресметка беа поразени со еден гол разлика (27:26) и останаа со големи шанси за историско финале на европска сцена.
Прв финалист за оваа сезона во Европскиот Куп е Татабања, а со кого ќе игра унгарскиот тим за трофејот ќе дознаеме по 20:30 часот.
Натпреварот меѓу Охрид и Целје започнува во 19:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“. Натпреварот меѓу македонскиот и словенечкиот тим ќе може да го проследите на МРТ 3 каналот, односно на овој ЛИНК.