Суспендиран ракометен селектор поради допинг

2

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Романија, Георге Буричеа, повторно се најде во центарот на вниманието.

По сензационалната елиминација од првиот бараж за пласман на Светското првенство од Турција, како и по инцидентот во Романската лига кога физички нападна играч, Буричеа сега се соочува и со суспензија од Националната анти-допинг агенција (АНАД).

Според официјалното соопштение на АНАД, репрезентативецот Разван Триф примил инфузија со витамини надвор од болница, во количина поголема од дозволената 100 мл, што претставува метод забранет од анти-допинг правилата.

Инфузијата ја извршиле надворешни медицински соработници, а токму ова доведе до суспензијата на селекторот. Романскиот селектор демантира дека имало намерно прекршување на правилата.

Тој објаснува дека во моментот лекарот на репрезентацијата не бил присутен и дека единствено побарал медицинска помош за играч кој имал висока температура. Според селекторот, Триф примил само витамини за подобрување на состојбата, без никакви забранети супстанци.

Буричеа останува предводник на романскиот суперлигаш Темишвар.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT