Младост ќе игра суперлигашки бараж

140

Амбициозниот тим на Младост од Богданци заврши на втората позиција во Првата лига и ќе игра суперлигашки бараж.

Ривал на избраниците на Горан Андоновски во баражот ќе биде Струга, која заврши на претпоследното место во плеј-аут фазата од Супер лигата.

Младост последен пат во домашната елита настапуваше во сезона 2020/21, па сега ќе има одлична можност за кам-бек во најквалитетното домашно ракометно натпреварување.

Струга втора сезона по ред ќе игра бараж за опстанок, а во минатата сезона успеа да го задржи суперлигашкиот статус со победата над Мулти Есенс на неутрален терен во Прилеп.

Во следниот период треба да бидат познати терминот и градот домаќин на суперлигашкиот бараж.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT