Вечерва во спортската сала „Автокоманда“ се одигра прволигашкиот натпревар од последното коло меѓу Мулти Есенс и Драчево Јуниор.
Натпреварот за пивотот на Драчево Јуниор, Стефан Лазаревски, имаше и дополнително значење, бидејќи само неколку часа подоцна го очекуваше матурската вечер.
Несекојдневна коинциденција за пивотот, кој денеска со стил стави крај на своето школување во ракометната академија, настапувајќи на прволигашки натпревар токму на денот на матурата – момент што навистина ретко му се случува на еден млад спортист.