Ова се петте најдобри стрелци во Првата лига

360

Со натпреварот меѓу Мулти Есенс и Драчево Јуниор беше спуштена завесата на сезоната во Првата лига. Нов шампион е тимот на Мулти Есенс, кој обезбеди директен пласман во Супер лигата, додека Младост ќе игра суперлигашки бараж против Струга.

Играчот на Јехона со интернационално искуство, Адис Салиу, е најдобар стрелец за оваа сезона, откако заврши на првото место на листата на стрелците со со 223 погодоци. Давид Јовчевски од Шампион е втор стрелец во лигата и вториот играч со над 200 постигнати погодоци.

Младиот ракометар на 20 одиграни натпревари постигна 209 погодоци и има најдобар просек од сите, бидејќи статистички постигнувал по 10.45 погодоци по натпревар.

Зад водечкото дуо се наоѓаат Илија Пејковски од Партизан Гевгелија, Даниел Андоновски од Младост и Христијан Ристевски од Преспа. Пејковски постигна 197 погодоци, Андоновски 177, а Ристевски 168.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT