Дански голман со олимписко злато е нова желба на Гонзалез и Партизан

263

Српскиот шампион Партизан активно работи на формирањето на тимот за новата сезона, во која ќе посакува настап и во Лигата на шампионите, доколку добие вајлд-карта од ЕХФ.

Според пишувањата на порталот  „Моцарт Спорт“, раководството на клубот е во преговори со репрезентативецот на Данска и член на ПСЖ, Јаник Грин (37 години), кој има потпишано тригодишен договор со ХОЈ Елит.

Искусниот голман сакаше да ја заврши кариерата во својата татковина, како што тоа го прават многу ракометари од светската велесила, но ХОЈ Елит неочекувано испадна во тамошната Втора лига.

Поради тоа, трансферот во данскиот проект на еден од најдобрите играчи на денешницата и актуелен член на Фуксе Берлин, Ласе Андерсон, како и на уште неколку други играли, е доведен во прашање, бидејќи не е реално вакви имиња да настапуваат во второлигашка конкуренција.

Новиот тренер на Партизан, Раул Гонзалез, добро ги познава квалитетите на Грин, бидејќи соработуваше со него во ПСЖ. Оттука, логично е Данецот да биде една од желбите на поранешниот селектор на Македонија и екс тренер на Вардар.

Грин пред да се пресели во ПСЖ настапуваше во Бундес лигата, поточно во Магдебург, од сезона 2013/2014 до сезона 2021/22, а во Данска го има носено дресот на Алборг и Силкеборг. На репрезентативно ниво, најголемиот успех го постигна на Олимписките игри во Рио, кога со своите репрезентативни колеги го освои олимпиското злато, како и златото Мундијалите во 2019 и 2025 година.

Партизан досега се пофали со потписите на неколку звучни имиња – Илија Абутовиќ, Тобијас Вангер, Владислав Кулеш, Мигел Санчез Мигаљон, Јоав Лумбросо… Во тимот на Гонзалез ќе заигра и еден од ракометарите кој важи за иднината на српскиот ракомет, левиот бек Милош Кос.

Неодамна се појавија шпекулации и дека екс ракометарот на Вардар и Металург, Мијајло Марсениќ, е во преговори со  ,,црвено-белите”.

.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT