Во натпревар без резултатско значење, ракометарите на Алкалоид во 9. коло од суперлигашкиот плеј-оф славеа над Бутел со 37:21.
Тренерите на двете екипи, Кирил Лазаров и Горан Кузманоски, шанса им дадоа на сите играчи од клупата.
Домаќините победата ја обезбедија уште во првиот дел, кој го добија со 19:11, а во одлично светло се покажа кадетскиот репрезентативец Ѓорѓи Николовски.
Кумановецот натпреварот го заврши со 12 интервенции, односно имаше 50% успешност на одбранети удари.
Во нападот кај домашниот тим се истакна Исланѓанецот Улфар Пал Монси Тордарсон со осум погодоци, додека кај Бутел прв стрелец беше Мице Шилегов со пет реализации.