Овче Поле Славјански Универзитет ја заврши сезоната со 16 победи!

72

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет вечерва пред својата публика во Свети Николе го одигра последниот сезонски натпревар и го освои третото место во прволигашката конкуренција.

Гостин во Свети Николе беше новиот суперлигаш, амбициозниот Атлетик, кој си замина победнички со 32:24, а резултатот и кај двете екипи беше во втор план.

Кај домаќинките одлична партија имаше Јована Ангеловска, која натпреварот го заврши со девет погодоци, Елена Вучевска постигна четири, а Наталија Манева три гола.

Во составот на победничката екипа се истакнаа Андреа Конеска со седум, Сара Богојеска со шест и Исидора Котевска со пет погодоци.

Овче Поле Славјански Универзитет во оваа сезона успеа да оствари 16 и освои 30 бода, а за наредната сезона, тимот ќе се обиде да направи кам-бек во најквалитетното женско сениорско натпреварување, откако годинава за влакно не успеа да обезбеди суперлигашки бараж.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT