На 45 години кажа КРАЈ: Славјан Паунов заминува во пензија

198

Легенарниот голман Славјан Паунов денеска ја завршува својата богата ракометна кариера, оставајќи длабока трага во македонскиот ракомет.

Паунов беше препознатлив по својата борбеност, темперамент и огромно искуство меѓу стативите, а во текот на кариерата, освен за Радовиш, настапуваше и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ.

Со екипите од Свети Николе и Кавадарци настапуваше и на европска сцена, додека најголемиот дел од кариерата го мина токму во Радовиш, клуб во кој остави најголем белег и стана миленик на навивачите.

Популарниот Цаци од Кочани беше еден од малубројните ветерани на македонските терени и уште еднаш потврди дека годините се само бројка. Кариерата ја завршува на 45-годишна возраст, по повеќе од две децении минати на ракометните терени.

Искусниот Паунов ќе остане запаметен како голман кој секогаш го даваше максимумот за својот тим, без разлика на резултатот, околностите на теренот и финансискиот статус на клубот.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT