Радовиш со победа се прости од суперлигашкото друштво

126

Тимот кој во сезона 2024/25 се врати во најквалитетното ракометно натпреварување во Македонија, Радовиш, по две сезони минати во највисокиот ранг, повторно се сели во прволигашката конкуренција.

Овој тим до денес немаше победа во досегашниот тек од сезоната, а во последното коло од плеј-аут фазата успеа на свој терен да ја совлада Струга со 32:29 и со единствениот триумф се прости од суперлигашкиот статус.

Филип Костадинов со девет погодоци беше најефикасен во победничката екипа, додека на спротивната страна се истакнаа Наум Костов со осум и Бобан Савески со 100% реализација (седум од седум).

Денешниот дуел во Радовиш беше последен во кариерата за искусниот голман Славјан Паунов, кој на 45-годишна возраст одлучи дека е време да замине во пензија.

Што се однесува до Струга, оваа екипа повторно ќе мора да игра бараж со второпласираниот тим од Првата лига. Лани Струга успеа да обезбеди опстанок во Супер лигата со победата во баражот против Мулти Есенс, а оваа сезона ќе се бори против амбициозниот Младост Богданци.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT