Еурофарм Пелистер ја затвори сезоната со победа – второто место за битолчани!

110

Довчерашниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, во последното коло од суперлигашкиот плеј-оф славеше пред својата публика против Алкалоид со 31:26 и го освои второто место на табелата.

Битолчани на денешниот натпревар мораа да победат за да ја обезбедат вицешампионската позиција, бидејќи секој друг исход ќе значеше второ место за Охрид. Двете екипи сезоната ја завршија со по 52 бодови, но Пелистер има подобар меѓусебен скор.

Доколку шампионот Вардар добие вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите, тогаш второто место кое го освои Еурофарм Пелистер носи директен пласман во Лигата на Европа. За Алкалоид дуелот во Битола немаше резултатско значење, но гостите одиграа борбено.

Алкалоид имаше контрола на резултатот во првото полувреме, а во четири наврати во првите 30 минути резултатот беше израмнет (5:5, 8:8, 9:9 и 14:14).

На паузата гостинскиот тим замина со минимална предност од 15:14. Еурофарм Пелистер првпат поведе на стартот од второто полувреме, кога Петар Атанасијевиќ погоди за 16:15 и од тој момент домаќините заиграа според посакуваното во одбраната, ги затворија главните играчи, па во 40-та минута предноста на пелистерци беше 21:18..

Во последниот период домаќините знаеја како да реализираат, додека гостите ги зголемија технички грешки и тоа се одрази на резултатот, а рзултатската нишалка се движеше од +2 до +4 во корист на домашниот табор.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT