Голманот Марко Богдановски во новата сезона ќе има нов предизвик во кариерата, откако по една и пол сезона помината во „црвено-црниот“ дрес се раздели со македонскиот шампион Вардар.
25-годишниот чувар на мрежата преку социјалните мрежи потврди дека повеќе не е дел од новиот македонски шампион и се збогуваше со соиграчите, стручниот штаб и навивачите.

Богдановски во Вардар пристигна во јануари 2024 година од Аеродром, клуб со кој претходно испиша голема страница обезбедувајќи пласман во Супер лигата.
Својата ракометна кариера ја започна во Металург, а потоа настапуваше и за Јуниор КВ, Голден Арт и Аеродром, пред да го облече дресот на најтрофејниот македонски клуб.
Вардар во новата сезона на голманската позиција ќе ги има на располагање Милош Валах, Васил Гогов и новото засилување од Србија, Милан Бомаштар, а освен Богдановски, од таборот на Вардар си замина и искусниот голман Мигел Еспиња.
Од Вардар си заминаа и Мигуел Пинто, Харуки Кавада, Марек Марчинијак, Марио Танкоски, Николас Боно и Кристијан Стаменковиќ.