Клубови од БиХ и Италија заинтересирани за Костадиновски

134

Голманот Кристијан Костадиновски повеќе не е член на Младост, откако раководството на клубот и битолчанецот одлучија секој да продолжи по својот пат.

Костадиновски во штотуку завршената сезона беше меѓу најзаслужните за кам-бекот на Младост во Супер лигата, а во редовите на клубот од Богданци пристигна од Радовиш.

Во сега веќе старо-новиот прволигаш, во кој настапуваше од сезона 2022/23 до 2024/25, исто така остави силен впечаток со своите партии во прволигашката и суперлигашката конкуренција.

24-годишниот голман во изминатите три сезони го привлече вниманието на неколку домашни и странски клубови, па така на негова адреса стигнаа неколку понуди.

Интерес за Костадиновски има и од клубови од БиХ и Италија и наскоро би требало да биде познато каде ќе ја продолжи својата кариера.

 

SPORT