Репрезентативката Пајкаровска останува во Прилеп

306

Еден од клубовите кои ќе продолжат следната сезона да играат во Првата лига, Деспина, успеа да задржи важен играч.

Станува збор за пионерската репрезентативка Деспина Пајкаровска, која со Македонија настапи на Медитеранското првенство во Приштина.

Се работи за голманка која зад себе има и сениорско искуство со настапите во најквалитетното домашно натпреварување и секогаш била сигурна опција меѓу стативите.

Талентираната голманка своите ракометни почетоци ги имаше во РК Енхалон, каде работеше под водство на тренерите Дејан и Крсте Костески.

Прилепчанки во изминатата сезона завршија на 4. позиција во прволигашката конкуренција, додека кадетките беа вицешампионки.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT