Марија Дуновска ќе брани за ЖРК Вардар

71

Кадетската репрезентативка на Македонија и најдобра голманка од Ф4 кадетскиот турнир од минатата година, Марија Дуновска, следната сезона ќе го носи дресот на поранешниот шампион на Македонија, ЖРК Вардар.

Дуновска, која имаше одлични партии на Европското кадетско првенство во Црна Гора минатото лето, со своите настапи во изминатите две сезони потврди дека се работи за една од најперспективните млади голманки во Македонија.

Талентираната голманка во Вардар пристигнува од Стружанка, клуб со кој настапуваше во кадетската лига, но и на сениорски ниво. Ракометните чекори ги започна во Охрид, кај тренерот Наум Бабачев, потоа беше дел од Лихнида и РК Сани.

Дуновска со Македонија го освои сребрениот медал на Светското училишно ракометно првенство во Скопје. Минатата година, на свечена манифестација во Охрид, го доби признанието за најдобра женска спортистка за 2025 година од градот која настапува надвор од неговите граници.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT