ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет најуспешна спортска екипа на Истокот за 2025!

87

На манифестацијата „Најдоброто од Истокот“, ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет доби признание за најуспешна спортска екипа во Источниот регион за 2025 година.

Новинарите од Источниот дел на Македонија ја препознаа повеќедецениската успешна работа на клубот и неговиот придонес во развојот и афирмацијата на женскиот спорт во регионот.

Клубот од Свети Николе во изминатата сезона го имаше најдобриот стрелец во прволигашката конкуренција, а ваквото признание е дополнителен мотив за продолжување на работата со уште поголем елан, особено со младите категории.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT