Печурица со порака до кавадарчани: Ви благодарам за сѐ – заминувам со убави спомени

126

Еден од интернационалците кои оставија солиден впечаток во македонската лига е црногорскиот голман Василије Печурица, кој во Македонија пристигна во јануари 2022 година. Младиот чувар на мрежата најпрво го носеше дресот на Струга, а потоа се пресели во Битола, каде што бранеше за Еурофарм Пелистер 2.

Откако вториот тим на битолчани се пресели во прволигашката конкуренција, Печурица доби шанса во првиот тим на Еурофарм Пелистер. Во сезоната зад нас настапуваше за Тиквеш и беше еден од најзаслужните за пласманот н Тиквеш во плеј-офот.

Сепак, раководството на клубот и црногорскиот голман не постигнаа договор за продолжување на соработката, а за Печурица немаше никакви проблеми да најде нов клуб. Тој кариерата ќе ја продолжи во својата татковина, каде што ќе го брани голот на амбициозниот тим на Будванска Ривиера.

По донесената одлука, Печурица преку социјалните мрежи се збогуваше со Тиквеш и неговите поранешни соиграчи, заблагодарувајќи им се за поддршката, довербата и заедничките моменти поминати во кавадаречкиот клуб.

„Ми беше чест да го делам теренот со овие момци и да бидам дел од оваа екипа. Од првиот ден ме прифативте како член на семејството и направивте да се чувствувам како дома. Поради тоа, секогаш ќе ви бидам благодарен. Зад нас е многу тешка и напорна сезона, но верувам дека ќе го паметиме она најубавото. Бевме екипа која имаше квалитет и карактер да направи големи работи. Настрана од сè, покажавме што значи вистинско заедништво и борба едни за други. Ви благодарам за секој совет, поддршка и лекција што ги носам со себе. Дојде крајот на едно поглавје и време е за нови предизвици. Заминувам побогат со искуство, пријателства и спомени кои засекогаш ќе останат дел од мене, Ви благодарам за сѐ“.

Печурица си замина од Кавадарци и се враќа во својата татковина

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT