Репрезентативката Стефаноска ќе игра во Унгарија

279

Македонската репрезентативка Сара Стефаноска по една сезона мината во романски Залау, се сели во Унгарија, каде што ќе настапува во најквалитетното тамошно натпреварување. Кичевчанката е нова членка на амбициозниот проект на Естерхази, клуб кој што обезбеди пласман во суперлигашкото друштво во Унгарија, па нашата репрезентативка ќе има квалитетни дуели и ќе игра против Ѓер, Ференцварош, Дебрецин…

Стефаноска на интернационално ниво, имаше успешни настапи и за Јагодина од Србија, а нејзините одлични партии во српскиот шампионат не останаа незабележани, па уште од пред една сезона стана интересна за европските клубови.

Талентираната ракометарка потекнува од школата на Кале Кичево, во 2020 година направи трансфер во Вардар и за време на престојот во вардаровиот табор секогаш се издвојуваше како еден од најдобрите стрелци.

Во 2023 година, кога ЖРК Вардар го освои трофејот на Ф4 турнирот во младинска конкуренција, Стефаноска беше прогласена за најдобар играч, најдобар стрелец и најдобар лев бек. Истата година, ја однесе сениорската екипа во финалето на Ф4 турнриот во Охрид, кога вардарки го елиминираа Ѓорче Петров.

На репрезентативно ниво ги мина сите младински категории и со сениорскиот национален тим настапи на Европското првенство 2024..

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT