Уште еден клуб се откажува од Супер лигата?

817

По Астибо од Штип, уште еден суперлигаш е на прагот да се откаже од настап во женската Супер лига. Станува збор за екипата на ЖРК Куманово, клуб со богата историја кој во своите витрини има шампионски титули и Куп трофеи, но и учества на европска сцена.

Според информациите на Спортка Димензија, клубот во моментов се соочува со сериозна финансиска и организациска криза. Поголемиот дел од играчкиот кадар веќе си замина, па затоа најверојатното сценарио е Куманово да го следи патот на штипскиот тим и во новата сезона да се пријави за настап во Првата лига. 

Како ќе се развива ситуацијата во женскиот клупски ракомет по откажувањето на Астибо, а најверојатно и на Куманово, останува да се види во следниот период.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT