Македонските надежи влегуваат во последната фаза од подготовките за ЕП

150

Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките за настап на Европското првенство што од 29 јули до 9 август ќе се одржи во Србија.

Избраниците на селекторот Горан Кузманоски по еднонеделните подготовки во Австрија се враќаат во Скопје, каде што ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Грција.

По завршувањето на Европското младинско првенство во Романија, на националниот тим ќе му се приклучат и Ѓорѓи Николовски, Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, кои настапуваат и за младинската репрезентација.

Македонија ќе има тешка задача на кадетскиот континентален собир, бидејќиза ривали го групната фаза ги има селекциите на Словенија, Шведска и Франција.

Пласман во главната рунда ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од секоја група, па секој освоен бод ќе биде од голема важност.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT