Во последен момент: Аце Станковски го презеде Вардар Неготино

161

Искусниот македонски стратег Аце Станковски е новиот тренер на прволигашот Вардар Неготино. Во последен момент, раководството на клубот од Неготино и Станковски постигнаа договор за соработка, па поранешниот македонски репрезентативец вечерва ја имаше првата прозивка во спортската сала при СОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Иако во игра за тренерското столче на неготинци беше и Игор Котевски, беше разговарано и со него, сепак, во 5 до 12 беше договорена соработката со Станковски, кој добро ги познава играчите од Неготино, бидејќи во еден период од својата кариера го предводеше поранешниот суперлигашки учесник.

Станковски последниот тренерски ангажман го имаше во МРК Куманово, каде што работеше и со младинските категории. Беше дел од репрезентацијата на Македонија и на поранешна Југославија, а негов најголем репрезентативен успех е бронзениот медал освоен на Светското младинско првенство во 1985 година со Југославија.

Со неговото доаѓање, тимот на Вардар Неготино ќе се обиде да одигра голема улога во новата сезона од Првата лига и да ги исполни зацртаните клупски амбиции. Во сезоната зад нас, неготинци завршија на 5. позиција во прволигашката конкуренција.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT