Борец баскет со четврти триумф во низа, второ славје за Охрид

335

Екипата на Борец баскет од Велес ја продолжи победничката серија во второлигашката конкуренција, откако на свој терен славеше над младиот тим на Водно Санс со 100:90.

За Борец баскет, кој во претходното 4. коло беше подобар од МЗТ Скопје Уни Банка (78:75), ова беше 4-ти триумф во низа, а Водно Санс остана на еден, оној на свој терен против Мега баскет.

Прво име во редовите на победничката екипа беше младинскиот репрезентативец Стефан Стојковиќ, натпреварот го заврши со 26 поени, 19 додаде Александар Штерјев, а 18 имаше Суад Карталовиќ.

На втора победа се радуваше довчерашниот прволигаш, тимот на Охрид. Избраниците на Тони Стојаноски беа убедливи против вториот тим на МЗТ со 74:53. Капитенот на Охрид, Васко Бојовски постигна 20 поени, Христијан Стојаноски натпреварот го заврши со 19, Дарко Димитриески имаше 12 поени. Кај гостите од Скопје Никола Масевски беше најрасположен за игра со 20 поени.

Втора лига, 5. коло, резултати:
Ангели – Академија ФМП 79:55
Бутел – Црн Дрим 64:73
Мега баскет – Работнички 83:78
Маџари – Соколи 81:96
Охрид – МЗТ Скопје Уни Банка 74:53
Борец баскет – Водно Санс 100-90

ТАБЕЛА: Соколи 1933 9, Ангели 9, Борец баскет 9, Црн Дрим 9, Маџари 8, Мега баскет 8, Бутел 7, Охрид 7, МЗТ Скопје Аеродром 7, Работнички 2018 6, Партизан Водно Санс 6, Академија ФМП 5

Мега баскет и Ангели им се вратија на победите, Црн Дрим славеше кај Бутел

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе