Младиот ракометар Андеј Јанески, кој во последните неколку сезони настапуваше во Швајцарија, направи нов чекор во кариерата и се пресели во Словачка, каде што ќе го носи дресот на Топличанин.
Јанески првите ракометни чекори ги направи во Вардар, потоа беше дел од КЛ7, каде што настапуваше од 2013 до 2017 година. Следуваше преселба во Алкалоид, таму остана до 2022 година, а потоа кариерата ја продолжи во Швајцарија.
Талентираниот пивот прво го носеше дресот на Солотурн, со кој настапуваше до сезона 2024/25, додека минатата сезона беше дел од Сухр Арау.

По швајцарската епизода, Јанески сега замина во Словачка, каде што ќе има можност за ново интернационално искуство и продолжување на својот ракометен развој.