Илинден со серија од 6-0 ги освои бодовите во Автокоманда

97

Новиот ракометен клуб и дебитант во младинската конкуренција, тимот на Илинден, стигна до првата победа, откако во 3. коло славеше на гостински терен во Автокоманда кај Алкалоид со 29:26.

Избраниците на Дарко Јанев до победата стигнаа со одличната игра во завршниот дел, кога со серија од 6-0 направија целосен пресврт. Во текот на натпреварот видовме подеми и падови на двете екипи, па така победникот беше одлучен во последниот дел.

По неизвесното прво полувреме, во кое гостите во неколку наврати имаа позитива од три гола предност, резултатот на семафорот беше 16:15 за новакот. По играта гол за гол во продолжението, домаќинот за момент стигна и до три гола предност, 24:21, на речиси десет минути до крајот. Илинден, сепак, не се предаде, најпрво израмни на 24:24, а потоа зголеми и на 27:24.

Токму периодот од 47. минута, па до крајот на натпреварот беше клучен за Илинден во освојувањето на првите два бода. Домашниот тим до финишот успеа да погоди уште двапати, но конечниот резултат на семафорот беше 29:26 во корист на гостите.

Победничката екипа беше предводена од Матеј Златановски, кој постигна седум погодоци, додека по шест додадоа Лука Савовски и Милан Стојевски.

Кај Алкалоид, прво име беше Матеј Бојаџиски со осум реализации.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе