Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет продолжуваат во победнички ритам во прволигашката конкуренција, откако во натпревар од 4. коло славеа над дебитантот Струга со 33:19.
Гостинките, кои главно располагаат со кадетски тим, парираа колку што можеа, односно онолку колку што им дозволија домаќинките. Овче Поле Славјански Универзитет на паузата имаше предност од 14:11, а во вториот дел успеа дополнително да ја зголеми разликата за убедлив триумф.
Анастасија Сентовска беше прв стрелец во победничката екипа, а воедно и на натпреварот, со 12 постигнати погодоци. Кај Струга, Леа Пејоска беше најефикасна со седум реализации.
Со оваа победа, Овче Поле Славјански Универзитет остана на првото место на табелата, сега има осум бода. Струга, која пред гостувањето во Свети Николе имаше максимален учинок од три победи на три натпревари, останува на шест бода, исто колку што има и вториот дебитант во лигата, тимот на Гевгелија Југ.
Прва женска лига, 4. коло, резултати:
Овче Поле СУ – Струга 33:19 (14:11)
Анастасија Сентовска 12/Леа Пејоска7
Стружанка – Гевгелија Југ 21:28 (8:11)
Маја Раткушиноска 10/Јасмина Попова 8, Нина Попова 7, Нина Милевска 5
Астибо – Јехона 33:15 (15:8)
Ана Марија Накова 11, Ева Манева 9/Алтина Хасани 7
Шампион – слоб.