Пелистерци лесно и убедливо против Прилеп

72

Во натпревар, на кој беа постигнато 70 гола, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер убедливо славеше против Прилеп со 46:24 во 11. коло во Супер лигата. Битолчани уште од стартот ја оправдаа фаворитската улога, на полувреме заминаа со предност од 23:16 и рутински го одработија вториот дел.

Кај домаќините предводник беше Филип Кузмановски со шест гола, по пет постигнаа Домен Тајник и Усама Хосни. Листата на стрелци кај Прилеп беше предводена од Никола Цветаноски и Божидар Илиески, двајцата ракометари имаа по шест гола.

За Еурофарм Пелистер денешниот натпревар беше загревање за Фредериција, против данскиот тим ќе игра в среда пред својата публика во „Боро Чурлевски“.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе