Пионерите на Младост со „седум од седум“

113

Во натпревар од 7. коло во групата Б од пионерската машка лига, тимот на Младост од Богданци славеше на гостувањето во Автокоманда кај Алкалоид со 24:23 (11:5).

Со оваа победа, Младост го продолжи максималниот ефект и сега има седум победи од седум натпревари, односно 14 бодови на своето конто.

Претходно, избраниците на Лукиќ и Роглев ги совладаа екпите на Радовиш, Илинден Вардар, Вардар, Либра, Куманово и Феникс.

На денешната средба, најефикасен во победничката екипа беше Антонио Каракабаков со осум погодоци, по шест постигнаа Александар Марков и Матеј Митев, а четири додаде Лука Лукиќ. Кај Алкалоид се истакнаа Калин Краљевски со девет погодоци и Марко Димитриевски со осум.

Во 8. коло, Младост на домашен терен ќе се соочи со Гемиџии, кој исто така нема пораз во досегашниот тек од сезоната. Тимот од Велес утре ќе гостува во Валандово кај дебитантот Либра.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе