По првата победа, Младост сака ново славје во „Млаз“

121

Повратникот во Супер лигата, Младост, овој викенд повторно ќе игра пред својата публика, а гостин во Богданци ќе биде екипата на Бутел Скопје, во натпревар од 12. коло.

Во претходното, 11. коло, избраниците на Горан Андоновски го скршија мразот и стигнаа до првата сезонска победа, откако на домашен терен славеа над Струга со 30:28.

Сега, Младост ќе има нова шанса за освојување на бодовите, а евентуален втор сезонски триумф би значел и мал напредок на табелата и зголемување на бодовното салдо на седум бода.

Двете екипи досега имаат освоено по пет бода, а првата меѓусебна пресметка во воведното коло, одиграно во Скопје, заврши без победник, 30:30. И на неделниот дуел во Богданци се очекуваат возбудувања и голема борба.

Натпреварот меѓу Младост и Бутел е закажан за недела (29 ноември), во спортската сала „Млаз“ во Богданци, со почеток од 17:30 часот.

Правдата на натпреварот ќе ја делат браќата Михајло и Методија Илиевски од Битола.

ТАБЕЛА

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе