Некогашниот прволигаш Ангели им се врати на победите во второлигашката конкуренција, откако во натпревар од 7. коло немаше проблеми против МЗТ Скопје Уни Банка, славеше со 97:50.
Ангели одиграа доминантно во текот на сите 40 минути, на пауза заминаа со предност од 62:26 и рутингски го одигра вториот дел, во кој гостите успеаја да заиграат подобро, но високиот пораз беше неизбежен.
За тимот од Драчево ова беше 5-сезонски триумф и со денешната победа дојде до 12 бода на свое конто, додека вториот тим на МЗТ има 10 бода.
Предводник во победничката екипа беше Иван Балов со 23 поени, 18 запиша Таулант Ибраими, еден помалку (17) имаше Теон Богатиновски, а Ангел Стојанов натпреварот го заврши со 15 поени. Кај аеродромци се истакна Бојан Величковски со 14 поени.
Втора лига, 7. коло, резултати:
Академија ФМП – Соколи 63-77
Ангели – МЗТ Скопје Уни Банка 97-50
23/11, 18:00, Охрид – Работнички
23/11, 19:00, Мега Баскет – Црн Дрим
23/11, 20:30, Борец – Бутел
23/11, 19:00, Мацари – Водно Санс