Нено доминира во Литванија, Македонија со плус три на полувреме

202

Машката репрезентација на Македонија против Литванија води на полувреме со 46:43 во рамки од 4. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2025. Македонија, предводена од Ненад Димитријевиќ, кој во првите 20 минути е нерешлива енигма, ја доби првата четвртина со 27:23, домаќините направија камбек во втората четвртина, но нашата репрезентација беше повеќе пофокусирана и на полувреме замина со предност од три разлика, 46:43.

Димитеијевиќ издоминира на теренот и првиот дел го заврши со дури 28 поени, Бојан Крстевски запиша шест, а пет додаде Стојан Ѓуроски.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе