🎥 Погледнете како „Маестро Нено“ ги излудуваше Литванците

1.743

Кошаркарите на Македонија на гостувањето кај Литванија беа поразени со 94:72 во рамки од 4. коло од квалификациите за Европското првенство 2025. Домаќините беа сведоци на „НБА партијата“ на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, кој не го доигра натпреварот поради повреда.

Членот на Олимпија Милано буквално се поигруваше со домашната репрезентација и за 29:23 минути игра запиша 43 поени, подели шест асистенции и имаше четири скока, доволен показател дека Македонија со Димитријевиќ е незгоден ривал.

Македонија ја доби првата четвртина со 27:23, замина на полувреме со предност од 46:43, по третата четвртина предноста на Литванија беше 64:62. Домаќините победата ја обезбедија во последната четвртина, го искористија отсуството на Димитријевиќ во последните шест минути и се изборија за висока победа.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе