Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика го совлада вечниот ривал Вардар со 35:33 во рамки од 15. коло во суперлигашкото друштво.
Со разиграните Кузмановски, Радивојевиќ, Тајник…домаќините постепено ја зголемуваа предноста во првиот дел и на полувреме заминаа со плус девет, 22:13.
Вториот дел беше шанса за Вардар да ја преполови негативата, така ѝ беше, домаќините целосно се опуштија, а гостите од Скопје покажаа карактер, но немаа време за да направат камбек и да се изборат барем за бод.