Лазаров: Допрва ни следуваат успеси

395

Машката репрезентација на Македонија во Скопје ја одработува втората фаза од подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Селекторот Кирил Лазаров е оптимист за настапот на Мундијалот и истакна дека Македонија има страшен континуитет на настапи на големите натпреварувања од 2012 година.

,,Мене ми е драго што успеавме да ја израдуваме јавноста и се пласиравме на Светското првенство и можам слободно да кажам дека од 2012 имаме еден страшен континуитет, континуитет кој многу значи и кој заеднички го направивме. Сакале или не, треба да признаеме, тоа е голем успех и со еден ваков успех не можат да се пофалат нашите соседи. Тое е еден голем резултат за нас како држава и за националната селекција. Во Хрватска имаме позитивни искуства од 2009 и 2018 година, се надевам дека така ќе биде и сега во 2025. Знаеме дека ќе имаме поддршка од нашите навивачи, кои треба да бидат нашиот осми играч бидејќи ја познаваат ракометната игра. Поддршката од нив многу ќе ни значи. Јас сум умерен оптимист, знаејќи го нашиот менталитет и квалитет, не сакам да создавам алиби, ја сменивме генерацијата, имаме млади играчи кои допрва ќе го докажуваат својот квалитет, кои сакаат да работат и да покажат талентот. Македонскиот ракомет е на добар пат и допрва ни следуваат успеси како на националниот тим, така и на клубовите“, изјави Лазаров.

Македонија на Мундијалот за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Холандија, Унгарија и Гвинеја, а најдобрите три репрезентации ќе продолжат во главната фаза.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе