Хрватскиот шампион Подравка ја продолжи соработката со екс селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Ивица Обрван.
58-годишниот стратег клупата на поранешниот европски првак ја презеде пред две години, откако повторно ги задоволи критериумите на управата на клубот од Копривница.
Двете страни се договорија на нова, двегодишна соработка, па така Обрван ќе ја предводи Подравка најмалку до сезона 2026/27. Како што е познато, Обрван ја водеше Македонија на три големи натпреварувања – ЕП 2014, СП 2015 и ЕП 2016 година.