Бутел Скопје се засили со левиот бек Христијан Милошески (ФОТО)

171

Шестопласираниот тим од минатата сезона, тимот на Бутел Скопје, го комплетираше играчкиот ростер за новата сезона.  Составот на Горан Кузманоски ќе биде посилен со левиот бек од Голден Арт, Христијан Милошески, кој важи за еден од подобрите играчи на левата бековска позиција во македонскиот шампионат.

Прилепчанецот во својата кариера има настапувано за Бутел Скопје, беше дел од скопскиот тим пред три сезони, но тогаш немаше голема минутажа, па сега Милошески ќе биде еден од главните адути на тренерот Кузманоски. Левиот бек, освен за Бутел Скопје, Филип Вардар и Голден Арт, настапуваше уште за Вардар Јуниор и Работнички.

,,Ми претставува чест што повторно ќе бидам дел од тимот на Бутел и како играч ќе го вложам цел мој капацитет како и секогаш досега. Верувам дека нашата екипа, на чело со тренерот и управувачкиот тим, оваа сезона ќе постигне голем успех, изјави Милошески за клупската страна на Бутел Скопје.

Претходно Бутел Скопје ги засили своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев.

Бутел Скопје првиот натпревар во новата сезона од Супер лигата ќе го одигра на домашен терен против Куманово на 7/8 септември.

 

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе