Викендов се враќаат натпреварите од Супер лигата!

115

По зимската пауза, овој викенд се враќаат натпреварите од суперлигашката конкуренција. На 8. февруари ќе се одиграат сите пет натпревари од 17. коло.

Актуелниот лидер, тимот на Алкалоид, ќе гостува во Струга, шампионот ќе го пречека Куманово, додека дебитантот Борец ФЛ ќе биде домаќин на Охрид.

Интересено се очекува да биде на натпреварот меѓу Прилеп и Бутел Скопје, двете екипи се борат за пласман во плеј-оф фазата.

Супер лига, 17 коло, распоред:

08/02, 12:00, Тиквеш – Радовиш
08/02, 16:30, Еурофарм Пелистер – Куманово
08/02, 18:00, Струга – Алкалоид
08/02, 18:00, Пролет – Вардар
08/02, 18:00, Борец ФЛ – Охрид
08/02, 18:30, Прилеп – Бутел Скопје

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе