Женската репрезентација на Македонија вечерва во Битола ќе се обиде да надополни четири гола негатива против Полска и да избори пласман на Светското првенство 2025, кое ќе се одржи во Холандија и Германија.
Полска на првиот натпревар од баражот триумфираше со 22:18, но со голема поддршка од трибините во спортската сала „Боро Чурлевски“, избраничките на Кристијан Грчевски ќе имаат голема шанса за мундијалска виза.
Македонија последниот настап на Мундијалите го имаше во 2007 година во Франција, па така сите репрезентативки ќе имаат дополнителен мотив да го покажат најдоброто од себе пред битолската публика и да ја израдуваат македонската јавност со пласман на Мундијалот 2025.
Репрезентативките на Македонија учествуваа на ЕП 2022 и 2024, и би било убаво да продолжат со настапи на големите натпреварувања, бидејќи ќе имаат убава можност за пласман и на континенталниот собир 2026.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Хатиполгу и Симшек од Турција, додека делегат ќе Вукашиновиќ од Србија.