ЕХФ одлучи – младите пелистерци за финале во ЛШ ќе играат во 9 часот наутро, но не во Келн!

798

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави официјалниот распоред и термини за Ф4 турнирот во младинската Лига на шампиони, кој ќе се одржи на 14 и 15 јуни. Eурофарм Пелистер со победите над Келце (37:29) во полуфиналето и Динамо Букурешт (37:36) во финалето на турнирот што се играше во романската престолнина, си обезбеди пласман на завршниот турнир во престижното натпреварување.

Иако првично беше најавувано дека сите натпревари од Ф4 турнирот ќе се играат во „Ланксес Арена“ во Келн, паралелно со сениорскиот Ф4, сепак, ЕХФ одлучи само финалето да се одигра таму, додека останатите натпревари ќе се играат во салата „Баер Спортцентер“ во Дормаген – мал град оддалечен околу 24 километри од Келн.

Младите пелистерци за ривал во полуфиналето го имаат данскиот ГОГ, а пресметката е закажана за 14 јуни со почеток во 9 часот наутро – невообичаен термин за ракомет. Доколку Еурофарм Пелистер го победи ГОГ, за титула ќе се бори со подобриот од дуелот меѓу Барселона и Веспрем.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT