Радовиш без Адамовиќ во клучните битки за опстанок

168

Тимот на Радовиш, кој се бори за опстанок во Супер лигата, во трите последни натпревари, на кои ќе треба да го даде максимумот, нема да може да смета на искусниот Лазар Адамовиќ.

Србинот во вториот дел од тековната сезона се врати во Македонија, се договори со Струга, но по една-две недели неочекувано направи трансфер во Радовиш. Во новата средина веднаш доби важна улога и беше еден од носителите на играта.

Радовишани во последните три кола ќе играат против Струга (гости), Прилеп (дома) и Пролет (гости). На табелата, тимот на Радовиш има 6 бода, исто толку има и Струга, а од првото до третото место се позиционирани Пролет, Прилеп и Куманово.

Последнопласираниот тим од плеј-аутот ќе игра бараж со второпласирнаиот од прволигашкиот плеј-оф.

*Борец ФЛ е исклучен од натпреварувањето.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT