ИХФ ги потцени нашите надежи: Нема македонски ракометар меѓу 10-те најголеми таленти на СП

269

На 18 јуни ќе започне Светското младинско ракометно првенство во Полска, а еден од учесниците ќе биде и македонската репрезентација, која од клупата е предводена од селекторот Раде Стојановиќ.

Оваа генерација на млади и талентирани ракометари минатата година го заврши Европското младинско првенство на 9. позиција, а идентичен пласман имаше и на Светското кадетско првенство во 2023 година, кое се одржа во Хрватска.

Како најава за турнирот, Светската ракометна федерација (ИХФ) објави текст со наслов „10 rising stars to watch at the 2025 IHF Men’s Junior (U21) World Championship“, во кој ги претставува десетте најперспективни млади играчи кои треба да се следат на младинскиот Мундијал воПолска.

Меѓу споменатите ѕвезди не се најде ниту еден ракометар од Македонија, иако неколкумина играчи од нашата репрезентација имаат континуиран напредок, а голманот Иван Галевски со Алкалоид ја освои титулата во Европскиот Куп.

Според ИХФ, најголемите млади ѕвезди кои ќе настапат на Светското првенство во Полска се: Петар Цикуша (среден бек, Шпанија), Зијад Хашад (среден бек, Египет), Давид Море (лево крило, Германија), Фредерик Емил Педерсен (среден бек, Данска), Патрик Васијак (десен бек, Полска), Оли Митун (среден бек, Фарски Острови), Диого Рема Маркес (голман, Португалија), Михаил Баран (среден бек, Франција), Скарфетин Ивар Ајнарсон (лев бек, Исланд) и Даниел Станчиук (среден бек, Романија).

 

Македонија на Светското младинско првенство во групната фаза за ривали ги има репрезентациите на Фарски Острови, Романија и Исланд.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT