Адријано Котевски тренерската кариера ја продолжува во странство – ќе води грчки тим!

821

Довчерашниот тренер на ЖРК Деспина, Адријано Котевски, во новата сезона ќе го има својот прв интернационален предизвик, откако се договори за соработка со машкиот второлигаш од Грција, Аминтас.

Прилепчанецот повторно ќе има можност да работи во машкиот ракомет, овојпат на интернационално ниво, во клуб каде што главните цели ќе бидат развој на тимот.

Котевски пред неколку години се стекна со највисоката тренерска лиценца Мастер Коуч, а во својата кариера ги предводеше и екипите на ЖРК Пелистер и Македонија Ѓорче Петров.

Зад себе и репрезентативно искуство, беше дел од македонскиот стручен штаб на Европското женско кадетско првенство во Црна Гора (2023).

Во 2018 година го предводеше кадетскиот тим на Прилеп до злато на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција. Една година подоцна, беше освоен и сребрениот медал во истата лига.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT