Петар Цветковски продолжува во Тиквеш

1.220

Средниот бек Петар Цветковски, кој вториот дел од минатата сезона го мина во Радовиш, во новата сезона ќе настапува за друг суперлигаш – Тиквеш

Младиот ракометар со својата борбена игра помогна во клучните натпревари за тимот да го задржи суперлигашкиот статус за новата сезона, но двете страни одлучија секој да си продолжи по својот пат.

Цветковски се афирмираше во редовите на Бутел Скопје, со кој освојуваше титули во младинските категории. Во 2022 година го доби признанието за најкорисен играч (МВП) на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција.

Добиваше минути и во сениорксиот тим на бутелци, но за поголема минутажа мораше да најде сооветна средина.

Тој секогаш беше меѓу најдобрите стрелци во младинските категории, а својот квалитет го потврди и во дресот на Радовиш.

Тиквеш, покрај настапите на домашната сцена, и оваа сезона ќе се натпреварува во Европскиот куп.

Порталот користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе

SPORT